негов (прид.) - жив (прид.)

Таа е и тоа и нешто спротивно, но не нешто спротивно „однадвор“, не како проста и мртва негова разлика, туку како негова жива спротивна страна, појава, особеност, суштина, итн., којашто и го обусловува.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Помислуваше: да се залета право спроти овие очи што го бараат неговото живо тело и да ја разбие таа своја глава во ѕидот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Како може Кејтеновиот син да не е жив, мислев, како може тој во земјата да биде пориен, да лежи, да не се движи, никако не можев да разберам дека неговите живи стапалки некогаш ќе бидат избришани, уште помалку можев да разберам дека тој не ќе се смее.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тој не беше само главен кустос на музејот, туку и негов жив експонат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко со восхит ги гледаше книгите на својот пријател и го следеше неговиот жив говор, кој како да им се придружуваше на тие од наредените книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)