негов (прид.) - дипломатски (прид.)

Тој не се прослави, влезе во клинчот на внатрешните односи, односно фати страна во борбите за наследство на Бургиба и подоцна тоа се покажа фатално за неговата кариера.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мораше да го напушти Тунис, но Митеран не се откажа од неговите дипломатски услуги, го именува за итинеререн амбасадор во Иран, подоцна во Турција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така беше секогаш во долгите разговори со Лакхдар, од заобиколни патишта се стигнуваше до магистралните.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не ја криеше својата среќа што тој продолжуваше да ги преведува книгите од мојата балканска сага за време на неговите дипломатски мисии во Македонија, во Албанија, во Франција... 31 октомври 2000 г.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Со нив замина и семејството на благодарниот рабин Елеазар Корео.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Му го искажав својот восхит за неговиот дипломатски итинерер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа беше победа на смелоста на митрополитот, на неговата интелигентна тактика, но и на неговиот дипломатски дух, со кои, беше уверен владиката, небото ненадејно го обдари поради неговите услишени молитви.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)