негов (прид.) - голем (прид.)

Навлезен толку многу во Татковиот живот, кој сега беше на почетокот од својот залез, а мојот во изгревот на зрелите години, ми стануваше јасно колку вистински доцнев во приодот на неговиот голем пат на кој, подоцна, толку многу сакав да се најдам, но времето ме беше оддалечило засекогаш.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но јас чувствував, сигурно знаев дека, длабоко во неговата голема душа, продолжуваше да се докршува нешто големо, нешто помеѓу поразот и истрајувањето.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога го наоѓав буден, посвеж во душата, внимателно настојував да го вратам кон неговата голема тема, кон сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа што не успеваше да го постигне со усните, со мускулите на лицето, се обидуваше да го дополни со сините раздвижени очи, со сета сина светлина што зрачеше од неговата голема душа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Па сепак, ограничениот луксуз што го ужива тој - неговиот голем стан на убаво место, поквалитетниот текстил на неговата облека, подобриот квалитет на неговата храна, пијалак и тутун, неговите двајца или тројца прислужници, неговиот приватен автомобил или хеликоптер - го ставаат во свет различен од оној на еден член на Надворешната партија, а членовите на Надворешната партија уживаат слични предности во споредба со угнетените маси што ние ги нарекуваме „ пролови“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Човекот без брада послуша. Неговите големи надуени образи неконтролирано се тресеа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Остра брада му го покриваше лицето, давајќи му изглед на разбојник, што воопшто не ѝ прилегаше на неговата голема, несмасна конструкција и нервозни движења.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Постојано се раскажуваа прикаски за неговата голема храброст низ Прилепско и Крушевско.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Работејќи триесетина години врз сиџилите, во битолскиот кадилак (од XV до XIX век), кој ги откри, ги систематизираше и ги преведуваше во триесетте најубави години од својот живот, па можеше да состави еден вид енциклопедија од поимите на исчезнатото време, но ова што сега го работеше со Камилски, можеше да претставува игра од неговите големи соништа на Балканот, како единствен калауз да излезе од самиот себе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше тој, и никој друг, неговиот голем пријател букинист.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Чувствуваше како неговото големо, несмасно тело на душата која ви фркнала кон некаде му стои како камен на вратот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Знаеме дека Duchamp морал да пушти прашината да се акумулира врз долниот дел на неговото Големо стакло, на таков начин што од неа, во текот на повеќето месеци, ќе се создаде цртеж на некаков фантастичен пејсаж, кој, осветлен одоздола, му даде повод на Man Ray да ја сними фотографијата што ја познаваме.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
На главата нонстоп носи шарен цилиндар од вештачко крзно, кој изгледа како препарирана мачка врз неговото големо тело.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Со неа немал деца, но со неговата голема тајна љубов, убавицата Мериме имал две машки деца.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Твојата црвена кошула оган е кој ја осветлува есенската ноќ на еден туѓинец кој и во својот сон со зборови ја рисува својата малечка татковина која еднаш беше негов голем затвор...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Врз неговото големо срце, без одбројување на времето во себе, лежеше парче поцрнета оревовина со пукнатина без какво и да е значење.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не се споулавуваше, само веруваше дека има чудотворна икона низ која може да се види утрешнината, и на се што е зло во таа утрешнина да му се ископа длабок гроб. тоа му го кажуваше неговото големо срце.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Секогаш доволен од себе си, учтив и внимателен кон сите, особено кон своите другари, тој во кружокот на гемиџиите беше најсимпатичниот, најсаканиот главно поради неговиот голем идеализам, скромност и добрина“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Уште само неговото големо прашање останува да живее под таа покривка и не се бори за доказ.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пушката што не ја најде беше негова голема грижа, во неа го гледаше својот опстанок во осаменоста и дивината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мислела, така треба, да лежи над неговото езеро, над неговото големо дело.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Од каде неговото големо дело?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Во пепелта врз страниците на некогашните таткови најконцентрирани читања, патот водеше кон Цариград, град на неговата младост, но и на неговите големи илузии.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Југославија во тој период се ослободи од сталинизмот, додека Албанија стана негов голем заложник.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Дури и ме охрабри да спомнам дека смртта на нашиот поет се поврзува со една негова голема љубов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можеби затоа моето појавување во ходников за него не значеше ништо.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мојот познајник, Самоников - мислам дека се насмевнав (за малку и Катерина да ја прашам дали забележала некои промени на моето лице) - мојот познајник Самоников да беше случајно фараон или некоја слична фаца веројатно ќе мораа и неговите љубовници и метреси да го придружуваат на ова негово големо патување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можеби, тој несреќник, уште од порано си замислувал дека некоја негова голема радост треба да се случи токму овој ден, или во некој друг сличен на овој, па сиот оџагарен го очекуваше тој момент, тоа случување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Последнава забелешка, со сите откачени асоцијации што таа ги содржеше, ја придодадов бидејќи забележав како приоѓа Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Стариот писател се смееше и веројатно не ја беше слушнал мојата претпоставка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ситната и топла песок што го прима неговото големо тело дозволува со саати да лежи врз неа додека од другата страна на реката сонцето полека се искачува по белото небо.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Јас знаев, се колнам, сите тие бесмислици тој не ги зборува напразно, тоа беше негова голема игра, најголема и не ми се допаѓаше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Татко ми беше трпелив во разговорите со козарот, не сакаше да повреди ниту атом од неговата голема душа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не, не можев да утврдам, всушност, дали Татко или неговите читани книги, според распоредот наложен од неговите алхемиски потраги во неговата библиотека, ме повикуваа на едно негово големо неостварено кружно патување низ водите кои означуваа планетарен круг!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мора да 143 Braco Dimitrijević, introduction to Gallery of Contemporary Art, Braco Dimitrijević (Zagreb: Gallery of Contemporary Art, no. 191, Feb 8-25, 1973). 114 се случи ноќе, кога зградата спие“144, вели Кшиштоф Водичко (р. 1943, Варшава, Полска).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Зградите што тој одбира да ги нападне со неговите големи слајд и видео проекции (што тој го нарекува ’интерогативен дизајн’) се обично оние кои доминираат во урбаниот пејзаж, оние кои го контролираат и регулираат протокот на секојдневниот живот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Се разбира, ги спомна пред руменото Розе и народните пари, што понекогаш му идеа на ум а коишто од одредени причини сѐ почесто ги сврзуваше со успешната кариера на Каламатија и неговото големо богатство.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И таа ја помилувала неговата голема, опнеста наметка со грижлива завидливост.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Неговите големи ноздри повторно се раширија. Мирис на масло. 12
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)