негов (прид.) - весел (прид.)

Тогаш неговиот весел и полетен пев прострујуваше во куќата и тоа беше сигнал дека Камилски сретнал добар автор меѓу многуте книги во својата библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога најпосле ме одлепи од ѕидот, сам ќе се соѕидав, кога ме виде таков, ја пушти онаа негова весела, голема насмевка и рече: - Биди човек, малечок Леме! Биди човек, другар!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но сега бездруго се случило нешто многу значајно кога Камилски ја пее познатата арија искачувајќи се по скалите, запирајќи во кујната каде што ја почувствува миризбата на ручекот, мусака од модри патлиџани, неговото омилено јадење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Само што заѕвони и го кажа своето име, го слушна неговиот весел глас.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)