негов (прид.) - болен (прид.)

Така расказот станува басна, се делокализира, и ако така може да се рече, станува дел од големата дебата за тешкотиите на модерниот живот и неговите болни контрасти.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа исто така е и мелем Ben Gay, кој го пронајде францускиот доктор Bengue, со сите еротски конотации што го сочинуваат тој мелем, чијшто денешен еквивалент е „Deep heat“ (голема горештина); Ben Gau се рекламира во Америка во вид на карикатура на зелено џуџе (наречено Peter Pain of all names, Петар Бол од секој вид), кое прободено во болно место отскокнува поразено, и додека малечката жена ги масира неговите болни мускули со Ben Guz мелемот, тоа вреска: „Проклетство, повторно наседнав!“
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Господинот Гроздановски, предизвикан, сосема заборавајќи дека кучето не дозволува некој да го допре, ја пресегна својата десна рака и му ја стави дланката на темето на кучето од што тоа се размили накривнувајќи ја главата и навалувајќи ја неговата болна нога како да му е перница.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не оставаше да нѐ ѕирне и под постелите, насекаде каде што можеше да се посомнева неговата болна глава.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Под грчот на прстите прсна кожата на неговата болна рака, и тој, без чувство на болка и пијан, стана една нова смеа. „Дали си ти навистина поп?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)