негов (прид.) - богат (прид.)

Наследството што ѝ го остави тој не беше големо, и добар дел од него Кети употреби за неговиот богат закоп, но сепак ѝ останаа доволно пари за да му купи камион на еден од своите зетови, за да си започне свој бизнис.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Она со што овој старец, Најдо, му направи впечаток, беше неговото богато изразување со постојана употреба на изворниот јазичен идиом на еден зачудувачки убав начин.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А сето тоа време се мачеше да се завдаде во она, што го спремаше да му го донесе тој бел, заплиснат ден надвор, со тоа негово богато зрачење. ...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)