негов (прид.) - албански (прид.)

Татко најмногу стравуваше сталинизмот да не се всели и најдолго да не остане во душата на неговиот албански народ, па троверен каков што беше, католички, православен и муслимански, можеше да страда и од тројна болка, ако му се наметнеше новото јаничарско-сталинистичко преобраќање. Бог да чува од полошо!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го зеде, покрај правните и адвокатски книги, старотурско-францускиот речник на неговиот албански сонародник Сами Фрашери, еден том од Енциклопедијата на Пјер Бејл, добиен како подарок, чија тајна за тоа како ја добил ја дознав на крајот од неговиот живот. И толку!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, во своите песими­стички варијанти за Балканот, во својата незавршена Историја низ падовите на империите, тврдеше дека митот на балканските граници ќе живее најдолго, а причина ќе биде синдромот на асмата, на изолираноста, кои остануваа нај­силно изразени кај неговиот албански народ.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но него најмногу го возбудуваше можното постоење на лавиринтот во полифоното четворогласно пеење, кое било забележано само кај неговиот албански народ на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко често запираше крај големите сенки на Аја Софија и разлетаните гулаби, небаре во отсутната молитва на минливоста да ги разлачи составните делови на измешаната балканска судбина, на неговиот албански и другите балкански народи: народи првин многубошци, па пагани, рисјани, муслимани, Евреи, преобраќани од една во друга вера и на крајот атеисти, апсолутни атеисти.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во шифри пишувал дека државата не може да опстане во зулуми, со што на крајот, би настрадала и војската на исламот (јаничарите), потсетуваше дека во неговата албанска земја има вигани, кои вредат за десет јунаци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За Татко, покрај фактот дека во воената гимназијата во Битола се школувал неговиот вујко Фетхи-беј Окијар и си ја беше сврзал таму судбината со Ататурк, значајно беше и сознанието дека овде, во ноември 1908 г., дефинитивно е усвоено латинското писмо на неговиот албански јазик.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)