негов (прид.) - низ (предл.)

Викаа како дете мало да им се родило во куќата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но, за сето време тој не забораваше да забележи и по некое познато стебло, по некоја позната делканица од секира во корубата од тие дрвја, секогаш држејќи се за нив, како за единствената нишка, што му беше негова низ таа наеднаш толку многу туѓа шума, свесен дека тука некаде во близината на неговата трага мораше да поминува и патот, по кој луѓето од нивното село одеа или се враќаа од Белата Долина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Растрчаа внучињата негови низ селото и викаа: „Умре дедо! Умре дедо!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)