негов (прид.) - љубов (имн.)

Но кој можеше да го сопре Чанга во неговата љубов кон козите, кон луѓето, кон животот?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој беше задоволен со себе, зашто по еден убав и, како што му се чинеше, вешт начин, успеа да го направи првиот чекор кон делото што му го изискуваше неговата љубов.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Најпосле му е на дофат таа слика што толку ја бара и што му ја постави неговата љубов како опиплива цел, за да не се повтори уште еднаш она чувство на глува тежина од летоска.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Затоа е Соколе сигурен дека има во неа едно скришно место што ја оправдува неговата љубов.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Впрочем, ми се чини дека и Миќо сѐ уште остануваше со желбата да ја сретне еднаш насамо својата љубима, и тоа ми даде можност да го преценам колку тежи како противник, зашто веќе се уверував во тоа што си го помислував и порано, дека и неговата љубов е една убава перспектива.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не е неговата љубов плод на мршата, од која произлегува секој грев.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Толе се изненади на неговата љубов и приврзаност, но за него таа беше бледа сенка од бело облаче, која за час исчезнуваше под светлите лачи на јулското сонце.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гавазите не чекаа повеќе. Се фрлија на коњите и со радосни извици како ветер летнаа накај Охрид, да му ја однесат радосната вест на пашата дека, најсетне, склони момата на неговата љубов - го прими подарокот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Одовде е неговата љубов за копијата, во која тој, се чини, на секој чекор се запрашува себеси: „Во што ќе се претвореше Веласкез или Леонардо да Винчи во оваа нова перспектива?“
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И навистина како што тие растеа, неговата љубов кон нив се намалуваше, а кога ќе навршеа четири месеци, неговата љубов кон нив целосно исчезнуваше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Благодарејќи на грижата на Милан и неговата љубов Тито стана многу значаен мачор и прекрасен другар.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Немаше доволно време виното на неговата љубов да отстои малку.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Негувањето на добриот вкус им е дијалектички спротивно на кампот и на неговата восхитеност од лошиот вкус, неговата љубов кон естетската катастрофа – дијалектички спротивно, велам, затоа што добриот вкус и невкусот нужно упатуваат еден на друг, а едното го имплицира другото и едното постојано ја приспособува сопствената дефиниција во однос на другото. ‌Самиот вкус, бил тој добар или лош, е бесмислен без скалило и мера за вредност, без степени на префинетост и распознатливост.276 Во естетизмот е вграден одреден снобизам, со цело множество аршини, критериуми, судови и перцепции, со обиди да се распознае подоброто од полошото, згодното од одвратното, оригиналот од имитацијата, реткото од вулгарното.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Го привлекува извештаченост во секој можен облик – што го навестува тврдењето на Зонтаг дека „суштината на кампот е неговата љубов кон неприродното: кон извештаченоста и претераноста“243 – и сјајно игра улоги.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Повеќе е кралица отколку трејд.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Конкретно, Пол е женскав, хистеричен гиздавец. Зависник е од театар и од музика, иако уметностите не ги разбира вистински; без разлика, склон е кон „необичен занес“ од средовечни сопрани, особено кога се овенчани со круни и кога ги окружува ореол на слава (120).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Го третира стилот како утопија сам по себе – колку и да е ужасен некој конкретен стил и колку и да се фрапантни општествените значења што можеби ги кодира во даден контекст.274 При тоа одбивање некој туѓ или надворешен вредносен поредок да ја деконцентрира од некоja естетска обземеност, па бил тој и поредок на напредни политички вредности или особено ако е таков, камп-културата се впушта во сопствен вид општествена критика, во сопствен вид бескомпромисна одбрана на фантазијата и на задоволството, а со тоа и во сопствен вид политички отпор (тоа е една од пораките на Пуиг во Бакнежот на жената пајак, исто како што е и една од пораките на Сартр во Сен Жене).275 И вкусот и невкусот имаат важни, иако различни, улоги во машкиот геј-естетизам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Без баш да ја помеша таа вредност со убавина, тој, сепак, ѝ дава значителна естетска вредност, опирајќи му се на секој начин на оценување што би инсистирало да се примени врз предметот построг, посериозен или посодржински склоп од надворешни стандарди, било морални, било естетски. ‌Камп-сензибилитетот така го оправдува „светот како естетска појава“ (нешто што Ниче сметал дека може да го прави само грчката трагедија или Вагнер).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Неговата нервоза, хистерија, импулсивност, неговата љубов кон гламурот и „морбидната љубов кон згодни работи, кон придушена светлина и кон свежо цвеќе“ (122) се сѐ особини што се општествено кодирани како немашки и што му го заведуваат геј-сензибилитетот под знаците за невротичност и, особено, за женственост. ‌Херман Мелвил, пак, ги протерува сите траги на женственоста од човечкиот крајолик во „Били Бад“ (1891).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За да ги убеди своите пријатели дека актерката ја заслужува неговата љубов, ги кани во театарот за да ја видат во улогата на младата Јулија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Колку е краток денот, како и неговата љубов со Рада, и мислеше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше таква некоја ѓаволски празнична ноќ и се она, на што пред тоа мислеше, се згусна од облици и од бои и се измеша во епруветата на ноќта, се расплива, остави зад себе нејасна празнина и волчо завивање на неговата глад и неговата љубов.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кои се тие мажи кои се обиделе да се пресметаат преку неговата љубов со Сања, кои се тие што можеле да го дознаат тоа, тој мал исечок од животот во ноќта во куќата на тетка Асја?
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Веруваше во неговата моќ, во неговата љубов.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Првото веројатно требаше да го исмее Жолтко, во врска со неговата љубов (не ми беше познато од кои причини, затоа и не ја спомнав).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Инаку Рајна воопшто не беше навредена од грубото однесување на Трајчеица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Недостасувало уште само да ѝ предочи па дури и да ѝ предложи еден вид договор или соработка во тоа вразумување на Генералот, бидејќи сепак е подобро тие двете разумно да ја поделат меѓу себе неговата љубов и да пронајдат начин како да ја спречат дарежливоста што Генералот ја растурал, како што рекла Рајна, на сите страни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но јас само така правев напори за да го задоволам, за да не му го расипувам тоа негово задоволство, таа негова љубов кон мене да ми помогне.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Им кажал дека насила бил мобилизиран од Бугарите, им кажал дека ниеден куршум од фронтот не испукал во човек, туку само во воздух, им кажал, дека негова љубов е добитокот, а не убивање луѓе - и тие го пуштиле.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Таа негова љубов кон добитокот се виде уште со неговото прво доаѓање, со неговото прво поставување за ветеринар во околијата: до што имаше најлични имиња на светот, им ги нареди: на кравите: Катерина, Робертина, Жозефина, Офелија, Клеопатра, Јулијана, Магдалена, Корнелија, Афродита, Лукреција, Клара, Лора, Геновева, Розета, Елеонора, Барбара, Дездемона, Тереза, Венера, Фредерика, Филимена, Карменка, Вероника; на воловите: Ромео, Жак, Рудолф, Карло, Птоломеј, Сократ, Титан, Цицерон, Јупитер, Валентино, Емануел, Овидиј, Колумбо, Леонид, Исаило; на коњите: Бизмарк, Цезар, Хорациј, Отело, Хенри, Наполеон, Нерон, Дионисиј, Клар, Бенјамин.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Авторот скоро ја врза работата со сопственикот на ресторанот „Пушка“ кој се покажа како човек кој во младоста и самиот пишувал поезија. Оттаму и неговата љубов кон Пушкин.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И од него читателот најавтентично може да ја види преданоста на Орце кон гемиџиското дело, поточно, да ја почувствува неговата љубов кон својот народ и кон својата татковина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)