негов (прид.) - јазик (имн.)

Согласно со извадокот од житието, во текот на Ха­зар­ската мисија Константин го посетил Херсонес (на Црно море) и пронашол таму Евангелие, напишано со, како што вели житието, роски букви.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Натаму се раскажува како Константин во Херсо­нес пронашол човек кој го зборувал роскиот јазик, стапил во разговор со него и прилагодувајќи се кон неговиот јазик започнал кон својот говор да при­менува разни букви, така што набргу читал и пишувал на роски, на што „мно­гумина се чудеа“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
2. Методата со која се користи Мејл-артот (неговиот јазик) е јазикот на секојдневието вперен (во форма на поштенски „ракети“ чиишто глави се наполнети со фантазија) кон глупоста, лицемери­ето, еретичноста, идеализмот, идеологијата, анархијата, моралот, татковината, религијата, политиката, пазарот, културата, манипулирајќи со сите материјални продукти на технолошката империја, вклучувајќи ги нејзините скриени јазици, тотеми и табуи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Средбата со вас ме наведе да се почувствувам како патник којшто се загубил во земја во која никој не го зборува неговиот јазик.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се чувствува сосема изгубен, беспомошен, и осамен; тогаш одненадеж сретнува странец кој зборува со неговиот јазик.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во него била истакнувана националната посебност на македонскиот народ, неговиот јазик, како и потребата од здружување на сите сили за борба против освојувачките интереси на соседните држави.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ваквата ориентација на списанието била причина за негова забрана од страна на бугарската власт.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Му верува додека неговиот јазик шумоли крај увото.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ги затворив; тог ми ја крена кошулата; следниот миг почувствуав како нешто ми капе во папокот, и следниог миг го почувствував неговиот јазик во него, во папокот; срипав и ги отворив очите; „Јан Лудвик, што го правиш тоа?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Секој стадиум на човековата култура дефинира меметичка еволуција во однос на неговите медиуми, неговиот јазик.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А медиумите и јазикот на културите, одредуваат дали тие активно се развиваат или остануваат пасивни и непроменливи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Рабле сакаше да го пренесе говорниот јазик во пишаниот јазик: пораз.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од него, од неговиот јазик живееме и денес.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Му дозволува да ја бакнува, но преку волја, како да се гади од неговиот јазик меѓу ножните прсти.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Човекот се менува во времето и во пространството: исто така се менува и неговиот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во зависност од тоа како се има развивано еден народ, и неговиот јазик и правописот може да биде различен.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој човек може да ја употребува туѓата азбука и за гласови од неговиот јазик или да ги изложи своите мисли со помошта на туѓа азбука.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи, јазикот е главно физиолошко – психолошка способност на човекот и како таква зависи од сѐ што прави да се менува човекот, т.е. со развивање на еден човек и еден народ се развива и неговиот јазик, со нивното опаѓање – опаѓа и нивниот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но ако во неговиот јазик има гласови што ги нема во јазикот од којшто се позајмува азбуката, тогаш позајмувачот на туѓата азбука ќе направи некои изменувања и дополнувања на неа, со кои ќе биде означена разликата во гласовите меѓу двата јазика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но како да му рече - неговиот јазик не го разбира Алија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ме погледна и, на неговиот јазик, ми вели: „Гледам, јазикот ти потфаќа, како удар да си прележала, а на пат сакаш да одиш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Неговиот јазик е чуден - туѓ, непознат. Со секој збор како да спласнува. Веќе и не го гледам зад масата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш, со какви светли, врежани и прекрасно декорирани букви мораше да биде испишан денот кога еден трубадур – трубадур кој, според енциклопедијата, бил актуелен меѓу единаесеттиот и тринаесеттиот век – застана пред портите на неговиот баронски замок!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Три или четирипати годишно, некој што го зборуваше неговиот јазик ќе дојаваше до неговата порта и ќе разменеше неколку смели идеи со него.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Затоа неговиот јазик се конституира врз говорните структури на средината од која потекнува таа книжевност но и врз едно послободено стилско однесување.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Неговиот јазик е чуден - туѓ, непознат. Со секој збор како да спласнува. Веќе и не го гледам зад масата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мораше да го постави, а сепак неговиот јазик како да не сакаше да го изговори.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Иако воопшто не го разбираа неговиот јазик.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Да немаш сила да кажеш, од кај си што си каков си, на негов јазик да плеткаш, да криеш род и роднини, да ти е мачно и тешко, кога ти рече в очите оти не си македонец.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Говорејќи на неговиот јазик, но со многу грешки, му објасни дека задоцнил на аудицијата, дека древното африканско племе ја освоило салата и дека се наоѓа во земја во која е смртен грев неумеењето да се одигра ритуалниот танц во чест на владетелот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Сепак чиниш Су подобро го знаеше неговиот јазик одошто тој нејзиниот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа не беше со намера да го научи неговиот јазик.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)