негов (прид.) - јадро (имн.)

Нив ги сврзуваат, ги обединуваат спонтаноста на доживувањето на „мотивот“, помнењето и обземеноста со него, и така слеани во едно требаше, тогаш, да го искажат неговото јадро, суштината на опеаниот настан - трагичната смрт на Рацин -, за да се обликува целината на реквиумот, на оваа, условно речено, мала, своевидна поема, на нејзиниот сензибилитет, на поетичката структура и јазик.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Ми се чинеше дека повеќе би одговарал орев, бидејќи неговото јадро личи на мозок, разбранет и поткожурен мозок на лудак, неодврзлив јазол што треба да се пресече за да се осло­боди еден свет.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Доаѓањето негово кај неа, таа го чекаше нестрпливо, помагајќи да му ги слечи работничките алишта истркани со малтер под кои се откриваше неговото јадро, мажествено тело, од кое и при најмал допир таа се возбудуваше силно, како типката од клавирот што при најмал допир се возбудува и испушта звук што долго трепери.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)