негов (прид.) - чифлиг (имн.)

Преметнаа сега наваму од Кравица стотина — двесте овци, десетина говеда, коњи, магариња, а Бешот ги отера со пет шестина селани во Прилеп и ги натокми стоте лири што му ги зеде Етим со измама.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Етим беше си ја имал мувата на капата и беше се засолнил дури во Солун, та Саботчани имаа задоволство да се огреат вечерта на неговата кула, а чифчиите таа ноќ имаа гости на неговиот чифлик во Биџова маала.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа на сите им олесна, сите ја одобруваа неговата постапка, тоа го сметаа за најдобро решение, кога Мусли бег отиде и им понуди, ако сакаат, да работат на неговиот чифлиг.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јован Дамчески, синот на помалиот брат на Дамчета, на Богоја, русокосо и тенко момче кое служеше на неговиот чифлиг, инаку лика сосема спротивна на татко си и на сиот сој Дамчески, сонил сон сосема ист со оној што го запишал пустиникот Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)