негов (прид.) - чело (имн.)

Дворот се начичка добро до народот и од неговата таговна вика. (Сите пак, не ги ни собра.) Сред плачот се стегаше народот надвор и благо секој на мртвото тело Кузманово сакаше да му се доближи: да го бакне неговото чело.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Пак го допре неговото чело.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Гори... треска го фати... - таа ја одврза и ја симна од глава црната шамија, ја навлажни со остатокот вода од пагурчето и ја посла врз неговото чело и лице.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ги гледав неколкуте хоризонтални брчки на неговото чело, убавите кафеави очи, густата коса со некое побелено влакно којашто ја плеткав со моите раце во моментите кога водевме љубов...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Предвреме појавените брчки на неговото чело, како и белите прамени покажуваа дека времето легнало на неговите години.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дали добро јуреше автомобилот - не знаеше, бесен и луто напрегнат само ги чувствуваше од обете страни оловните колкови на болничарите и полудуваше од смислени одмазди за овој жиг отпечатен врз неговото чело.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дури, судејќи по напнатата жила на неговото чело, старчето како да беше љубопитно што ќе стане со него.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Како секоја добра мајка кога забележува црвенило или бледило на обравчињата на своето дете и инстинктивно со својата чувствителна дланка го допира неговото чело за да види дали има температура, така и Кети, додека газеше боса меѓу леите, го прегледуваше секое растение со љубов и испитувачко око.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се загнезди ли таа зад неговото чело до крај, во исто време и на прекусиот и на предолгиот живот?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ако бил покајнички кај некој великодостојник на црквата да ги изнесе сметките на својот живот и ако, поради тој живот, го попритегнале малку, загриженоста на неговото чело можеше да биде разбирлива.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Порака?“ Таа се повлече еден чекор пред сенката на неговото чело.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во него ѕвони тревога, тој не знае удира ли по неговото чело како слепа птица крикот на болот или болниот е нем и бесчувствителен за неговата химна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се насмевна кога забележа дека ја гледам гребаницата на неговото чело.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Извадив парче скаменет пешник со сламки од торбата на прогонетиот (бев гладен, можев и песок да џвакам) но Никифор Ганевски ми подаде парче црн леб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неочекувано за сите, кога камшикот по третпат се крена, луничавиот Борис Калпак застана пред бегот, речиси се подаде да биде удрен, но бегот остана со крената рака, побледен и со грч на лицето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ми се стори дека перчињата коса врз неговото чело се од железо низ кое се проткајуват жилички сребро.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На неговото чело како заклана птица се прпелкаше сенка на изненаденост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Неговото чело - погледнете го! Го гледале тоа чело и можеле да го видат она што го виделе пред тоа: на засечената жила лежел црн дукат на мртво месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа го знаеле старците, оние што верувале во прикаските донесени од Брсјаците и Мијаците со доселувањето нивно на престариот камен во оваа земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И како тоа исто кафе да запенило над неговото чело згуснувајќи се во горди кадри.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од некаде се појави доктор Гете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Хајнерле пак се освести. Ја погледна куклата на својата малечка рака.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Му ја придржував главата, ставајќи ја мојата дланка на неговото чело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја зедов влажната крпа која лежеше на масичката покрај креветчето, и поминав со неа по неговото чело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стевчо и Иван облеани со безмерна радост стрчнаа внатре и го гушнаа телето, а над неговото чело капнаа солзи радосници.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Му ги ставав моите дланки на неговото чело и му викав: - Буц, брр! Буц, брр!
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Наутро, по ваквите ноќни разговори, тој зборува тихо а гледа далеку. По неговото чело шетаат сенки.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Она, што ѝ падна в очи кога му ја отвори вратата, беа крупните грашки пот на неговото чело.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Само прстите од десната рака, што ги имав положено на неговото чело, за момент сетив како ми треперат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)