Кога ги збрка полицијата, тој се најде меѓу првите редови во бегањето, но беше слабичок и истоштен, и сѐ повеќе
заостануваше, не ги разликуваше лицата, гледаше само како безброј нозе го заминуваат, го сечат некако грубо неговиот чекор, и тој останува сѐ поназад и поназад.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ѕвечкањето на пушката, која преку неговото рамо се допираше до редениците во ритамот на неговиот чекор, беше сосема поинакво од ѕвечкањето на металот кога ги редеше теговите на шипките во теретаната.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Не му беше смешно што бившиот богослов се труди да оди по такт на неговите чекори.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Двата негови чекори со три свои му ги втасувам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Снегот беше замрзнат и чкрташе како ѓаволот под неговите чекори. Тоа траеше дури не навлезе меѓу дрвјата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Бидејќи оној стана токму тогаш, без да го дочека последниот негов чекор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А снегот под неговите чекори како сам да се расцепуваше.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Гледај, ќерко, неговиот чекор мене ми се гледа најчекор од сите во орото фатени.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Но неговите чекори одекнуваат сѐ побавно, а одвреме-навреме сосема стивнуваат. Или испитува дали е средена просторијава.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Веројатно утврдува што сум сторил и колку сум се придржувал до вчерашниот договор.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Од неговите чекори куќата се тресела.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се свртел ненадејно и се сопнал на едно од осумте деца на вујкото, го превртел, го оставил да лежи крај неколкуте празни стомни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од толпата прв се оддели Кузе; крадешкум, како да газеше на трн со гола нога, и колку повеќе се оддалечуваше од зборното место, толку побрз стануваше неговиот чекор.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А долу, кај фурните и на полјанката, се постројуваа две чети.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Во неговиот чекор нема разлуланост што е толку својствена на луѓето со една нога.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Грифонот го следеше секој негов чекор.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И кога свивавме кон друга уличка на аголот, се свртев, ја видов мајката на Рајнер како стои покрај ѕидот на една куќа, и со прстите од десната рака минува по своето лице.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Некогаш од сон ме буди неговата смеа; одам, ја отворам вратата, неговата соба е празна, но мириса онака како што мирисаше тој кога беше малечок откако ќе го искапев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Го видов и последниот негов чекор, по кој падна во водата, и таа го понесе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Звукот на нејзините чекори запре, неговите чекори продолжија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога ноќе седам покрај прозорецот, слушам чекори и во нив го препознавам звукот на неговите чекори; станувам и го отворам прозорецот, а на улицата нема никој.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Трчав по кејот, молев за помош и гледав во телото кое исчезнуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Отец Висарион, ќе си ја пушти сенката кон мене, ќе ме покрие ко облак неговата сенка и потоа ќе ги чујам и неговите чекори од квачка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)