Така, од „Ла Дефанс“, едно од далечните предградијана француската метрополла, па до неговиот центар „Етоал“, од каде што се делат и најубавите булевари - „Елисејските полиња“, се пристигнува со експресно метро кое се наоѓа под самите куполи на најголемата хала, каде што секоја година се организират постојани изложби за децата и други изложби.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И ете го најпосле Берлин, сиот осветлен и за миг се најдовме во неговиот центар - „Александер - плац“, кој светеше и дење.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
За Солун се вели дека е шумен град, но шумот овде има свои граници и се чувствува само во неговите центри и во главните сообраќајни артерии.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Париз и лете и зиме е оној Париз кој може да се сретне и почувствува низ неговото секојдневно сивило, со безбројните автомобили кои овде особено во неговите центри, го загадуваат воздухот и затоа тешко се дише.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ова никако не значи дека Сорос и неговите центри (посебно неговите центри!) се филантропски творби што лебдат на десет центиметри од земјата; сигурно дека има (како и секаде каде што има доста пари и комплицирана човечка инфраструктура) некомпетентност, непрофесионалност, бирократизација, махинации, недоволна отвореност, недоволна информираност, мешање на државата...
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Само во неговиот центар стоел еден лист кој бил полудогорен, и на кој едвај се читало: Јан Лудвик, ЕНИГМА.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ете зошто некое општествено движење втемелено врз геј-идентитет дефиниран преку исклучиво упатување на геј-луѓето – со неговите центри и организации на ЛГБТК заедницата, со неговите лезбијски списанија и романи и филмови и популарна музика и телевизиски емисии и кабелски канали, со неговите маала, барови, клубови, одморалишта и цркви, со неговите политички претставници, водачи, гласноговорници и лобисти за човекови права и улични маршови и демонстрации, со неговите теориски и академски пресврти, историски откритија, универзитетски предмети, истражувачки полиња – ете зошто, велам, сета таа комерцијална, политичка и културна инфраструктура на геј-идентитетот е вечно разочарување и прави многумина припадници на неговото тело да бидат трајно незадоволни.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Каков главен град е тоа со кози, и со Козар маало, а во неговиот центар, со тоа проклето гнездо на белата контрареволуција.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И постојано се чувствувала како да се наоѓа во средината на тој земјен круг; во неговиот центар.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Ѝ одговорив на ќерка ми дека веројатно би се загубил во тој испеглан простор.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)