негов (прид.) - фамилија (имн.)

Баба ми беше од неговата фамилија и како девојка се викала Ѓурѓа Браноска. Внукот на баба ми се викаше Едо.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Така живел, а заедно со него и неговата фамилија, повеќе од дваесет години.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој Јован, суров и со нешто скриено во себе, како и сите во неговата фамилија, го мачеше во соништата цела ноќ, жолт, тврд, издолжен.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Под една мермерна плоча на сараите, се чуваше во златно ковчеже голем, скапоцен прстен, што се предаваше од колено на колено, како светина на неговата фамилија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)