негов (прид.) - ученик (имн.)

Не стигна да ги прочита нивните имиња, но добро знаеше кои се зашто сите беа негови ученици, на кои им ги откривал тајните на сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Акиндин е веројатно вториот мошне значаен Словен, кој по Климент Охридски успеал да стане познат во Византија, а и во соседните земји.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По него (по Варлаам) во Византија се појавил неговиот ученик Григориј Акиндин, кој иако јавно кажал дека не се сложува со Варллаам, трудовите го прикажуваат како апсолутен негов приврзеник и истомисленик.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сите Словени, поданици на српската држава, се викале наместо Словени – Срби, а на хрватската држава – Хрвати. Така учи проф.Јагиќ 132, а заедно со него и неговите ученици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најголемите чекори што беа направени на полето на Translation Studies во дваесеттиот век, беа потикнати од подготвителната работа на одредени групи кои работеа во Русија во 1920-та година, а веднаш потоа и од Прашкиот лингвистички кружок и неговите ученици.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бурдел бил голем пријател на југословенските студенти, кои биле негови ученици и се случувало често со нив да го дели сиромашниот залак леб.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во XV век неговите ученици ќе го реорганизираат братството во верски ред и секој млад јаничар ќе биде воведен во ритуалите на овој ред на Бекташите од навидум муслиманска припадност, но кој се сметал за турскосунитски ерес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ете зошто Гете ги повикуваше поетите, уметниците и мислителите да исчекорат од националните рамки во кои, соодветно на барањата на Хердер и неговите ученици, требаше да бидат затворени.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Игуменот им кажа дека манастирот го изградил свети Наум околу деветстотата година, дека бил светилник на словенската писменост и култура; дека по неговата смрт, дејноста ја продолжиле неговите ученици.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Пред мене го имам твојот осврт кон студијата „Анатомија на власта“ од Галбрајт и оној суптилен есеј за тоа како гледале на власта Исус и неговите ученици, посебно Павле.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А тој, како да знае сѐ, само ме погледна благо, ме погали по косата и рече: „Оној кој макар еднаш ќе погледне со очите на ѓаволот, негов ученик ќе стане, и сите слова поинаку ќе ги гледа, додека му е душата во телото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На друга слика со убав калиграфски ракопис: “На нашиот драг и почитуван учител кој херојски се бори против глупавиот Мусолини, неговите ученици”.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога гризеше и џвакаше, ги виеше усните над кои имаше тенок слој влакненца, ги превиткуваше и ги облизнуваше со мазниот јазик насипан со трошки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ѓорѓија беше сосем неподготвен, недотеран, како за несреќа не слушаше француска музика, а цела дневна беше распослана со книги, тестови и домашни од неговите ученици.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На друга страна меѓутоа се распаѓа и групниот портрет на неговите ученици, студентите по филозофија.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Меѓутоа, кога почнав да работам со него како негов ученик, таквото фаќање на белешки стана многу тешко, бидејќи во разговорите допиравме многу и разни теми.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сметаше дека само неговиот ученик и наследник, Цветан Горски, беше достоен да го продолжи неговото дело.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)