негов (прид.) - успех (имн.)

Кога внимателно ќе се погледне Хичкоковата кариера, од неговите неми англиски филмови до холивудските филмови во боја, во неа ќе најдеме одговор на неколку прашања кои секој синеаст треба себеси да си ги постави, а од кои следново не е баш безначајно: како да се изразиш на чисто визуелен начин? Margina #21 [1995] | okno.mk 13 Овој човек кој најдобро од сите го пренесе стравот во филмот, и самиот е плашлив и претпоставувам дека неговиот успех е врзан за оваа одлика од неговиот карактер.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Затоа братучедот Герман го слушам како го продолжува својот расказ за тоа што направил откако прескокнал преку авлијата, при што внимава на секој свој збор со цел поточно да ја прикаже работата којашто е предуслов за неговиот успех: "Најпосле ми текна", вели братучедот Герман.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Да“, рече Дипен; „и кога го прашав момчето на кој начин го постигнува тоа целосно идентификување, во што и се состоеше неговиот успех, го добив следниов одговор: ’кога сакам да погодам колку е некој мудар, колку е глупав, или колку е добар или лош, или пак што мисли во даден миг, го сообразувам изразот на лицето што е можно поверно со изразот на неговото лице и тогаш очекувам какви мисли или чувства ќе ми се родат во главата и срцето, слични или соодветни на тој израз.’
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Слабост и недостиг на самодоверба ги карактеризира сите ликови во романот: Агна, иако незадоволна од бракот, не го напушта мажот бидејќи не се чувствува доволно снажна без неговиот успех; селаните настапуваат исклучиво како колектив и единствено така имаат сила да ги поткопуваат Симоновите настојувања; на самиот Симон не му е доволна сопствената убеденост дека прави нешто позитивно, туку му е потребно да се потпре и на паралелизмот што го пронаоѓа меѓу предокот и личното дејствување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И затоа неговиот успех никого не треба да го из­не­на­дува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)