- Томо не ја доврши мислата. Показалецот на Рада, ставен на неговите усни, значеше молк. Немаше потреба од зборови.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тактиката ѝ беше јасна како ден. Да го најде вистинскиот начин од неговите усни да извлече признание, барем еден излет што завршил во кревет.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Нечујно и врело затрепереа неговите усни.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
- Чудна си ти и храбра! Ана ја клава својата дланка на неговите усни.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Нивната бела, мека игра во прозорецот се менуваше со една чудна волшебност пред Змејковиот поглед; таа беше исто онака скокотлива и прекрасна, како кога беше помлад и кога неговиот малечок син Јовко, уште додека не беше заоден, ќе го допреше со своите малечки прстиња по лицето и ќе земеше да ги префаќа неговите усни, носот, а тој од тоа не се смееше на глас, она беше многу посилно од смеата, му се разлеваше по целото тело, по сета негова кожа и по секое делче од неговата внатрешност, како некоја чудна миризлива растрепереност, престорувајќи го целиот во една единствена черешнова гранка, преполна со бели меки цутови.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И неговите уснички прошепотија: Не чекај!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Неговите усни беа сиви и натечени кога му говорев за шумот на зрелата `рж и тој по секоја чаша ме тераше да те разголувам за него, сѐ додека со страшен удар не ќе му ја смачкав муцката.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Седнував во аголот од малечката просторија, и гледав како неговиот поглед се движи по страниците од книгите, како неговите усни се придвижуваат дури немо ги изговараат прочитаните зборови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога имаше време го замолував да ми чита на глас на некој од јазиците кои тој ги знаеше, или да ми го раскажува она што токму тогаш го учеше, а кое ми беше подеднакво неразбирливо како да ми зборува на непознат јазик.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Колегата Вртанов и понатаму беше потонат во хартиите но околу неговите усни кружеше злочестото облаче на насмевката што јас веднаш можев да ја сместам помеѓу оние, одмаздничките.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)