Потоа се спријателил со двајца смеолики терикати со маузерки и конспиративно се побратимил со нив на вино.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Многу е пишувано за Павлос Мелас, но никаде не е напишано кога и каде водел барем една неколку минутна борба со турскиот аскер за ослободување на Македонија и никој не напишал што се случи, по неговото загинување, со неговата торба во која го имал златото со кое ги плаќал своите паликарја и кодошите...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Пред почнувањето на борбите додека побратимите му помагале да го избрише со крпа мотоциклот од прав и црно масло, попот ги помолил да ја чуваат неговата торба со историски записи а за ежот ќе се погрижи самиот: ќе загине Доситеј, ќе остане Армодиј Давидовски да го спасува светот од змии и глувци и да тагува по својот набожен доброчинител.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)