Но, така, поставени заедно, клучевите од веќе заборавените брави и Орденот, крај Татковите книги, ја најавуваа една од можните вистини на неговиот тестамент.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Доколку, сепак, можеше нешто да се прочита во најновиот распоред на Татковите книги, создаван во непроспаната ноќ, тоа беа сигурно клучнитезборови од неговиот тестамент - да продолжи потрагата по неговите сиџили, од местото каде што запре тој и од каде повеќе никогаш не ќе може да продолжи.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во меѓувреме, Лири си подготвил „табела за квалитетот на животот” во која со бројки секојдневно обележува колку ужива; кога ќе ја допре најниската обележана точка, извршителите на неговиот тестамент и неговите пријатели ќе треба да го исклучат од овој свет (крајот, претпоставува, најверојатно ќе го дочека врзан за машините за одржување живот).
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)