негов (прид.) - татко (имн.)

Телото на Ленин, за да остане нераспаднато, периодично мора да се изнесува од саркофагот и одново да се „освежува“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Одржувањето на нераспаднатото тело како метафора за „оддржување на уметноста“ го спречува враќањето во неорганската, природна состојба која се наоѓа вон среќата или задоволството. (Среќата на народот, така, лежи во избегнувањето да исчезне телото на неговиот татко.) Интересно е што постои и една фотографија на Хирст каде што тој во мртовечница е фотографиран лице до лице со еден мртовец.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нараторот зазема страна да остане во сенката на една интрига, чии два главни лика се, од една страна, неговиот татко, учен човек, либерал, разумен и, од друга страна, Чанга, човек од сортата на Мерлин кој станува народен симбол.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Роман на љубов­та на едно дете кон неговиот татко...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој во одговорот не покажуваше никакво посебно интересирање во врска со овие нешта, но сепак спомна дека имал чуено оти татко му на дедо Стефан се викал Митре и дека бил имотен, бидејќи, како што пишуваше, неговиот татко и, особено, дедо му, биле уште позафатени.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој негов татко имаше доста добар имот на село, но не можеше да сс помири со животот во забатаченото Поле, продаде, ја купи оваа куќа овде, едно нивче, за тутун, и отвори дуќан, брашнарница.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Поради тоа, Филота, еден од неговите воени раководители бил егзекутиран, а неговиот татко Парменион бил убиен.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Војтех умрел за време на патувањето, а Бодин бил откупен од затворот од неговиот татко. Востанието било ликвидирано во 1073.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
И Крстан пееше и ги повторуваше зборовите што ги кажал и неговиот татко пред многу години.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во секое лице што ќе го сретнеше, а не пак тоа да се загледаше во него, ја читаше потсмешливата наситка дека знае за судбината на неговиот татко, на неговото семејство и него самиот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Живееше само од питијата и питите што му ги оставаа болните дојдени од крајот на неговиот татко: шишињата ракија завиткани во стари весници, а комадите пита прекрстено стуткани во книжни салвети како во шарени шамии.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но Кети рече дека тој не сака да слуша, а Кети го познаваше својот син, го познаваше неговиот татко и од какви луѓе потекнува.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И видение јасно, светлина силна во умот ми се јави, па се состави мозаикот: ми стана јасно од какви причини го немало Лествичникот на закопот од неговиот татко, и разбрав дека отсуствувал шеесет дни и шеесет ноќи, токму колку што треба за да се потроши под нозете патот до Дамаск и назад, ми стана јасно дека го украл клучот од западната одаја, од рубата на неговиот татко пред овој да се упокои; и дека златниот клуч е умножение, дело на рацете на Амореецот; ми стана јасно дека Лествичникот, откако направил умножение на клучот, го вратил изворниот клуч во одајата на неговиот упокоен татко, и дека од тагата по таткото овој се лишил, само за клуч-близнак од одајата кобна да поседува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но веднаш се прашувам: и да спомнев нешто такво, а притоа уште и да укажев на некоја ситница што можела да се подразбере како патоказ или упатство што води кон тој мој Човек и негов татко, дали немаше да уследи нов порој прашања?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа постојано ме измачуваше и прашањето дали воопшто да почнувам некаква игра чиј што свршеток и мене не ми е познат?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А за да го узнае таткото од суштинско значење бил, според мислењето на момчето, и оној податок што може да придонесе во разјаснување на татковството: датумот на раѓањето на момчето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Целта на момчето била да дознае кој е неговиот татко.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислам дека беше спомната последната недела на август 44 та. Мислам 26 или 27 август.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зарем ќе можев да го задоволам и тоа додатно љубопитство со одговор што ќе беше уште понепотполн и уште понејасен?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Орде немаше татко од пред две години, а јас малку повеќе од една година. Неговиот татко беше дрводелец.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Сфатила дека тоа дете му припаѓа нему - на неговиот татко и нејзе - на неговата мајка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа беше портрет што со молив го имаше направено неговиот татко.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас понекогаш му кажував брзозборки, гатанки и бајки, а еднаш почнав да му зборувам за мојата мајка, за нејзините зборови на презир и потсмев за тоа како јадам, како се смеам, како чекорам; за тоа дека кога ни доаѓаа на гости нејзините пријателки со ќеркичките, таа пред нив ми велеше дека не умеам како нив да разговарам, да се смеам, да чекорам; му кажував со кои зборови го навредуваше секое мое воодушевување и секоја моја радост: воодушевувањето од вештината на неговиот татко, радоста што секоја недела претпладне го среќавав него, Рајнер, иако тој молчи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш Рајнер за првпат ми проговори: “А мене моите родители ме сакаат,” рече, а имаше толку болка во неговиот глас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Гледав во цртежот, а потоа погледнав во Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Александар со горчина констатираше дека неговиот татко е типичен пример за тоа како режимот на Стојан релативно лесно ги решава проблемите со своите противници...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Александар се плашеше дека дел од таа зајадливост на неговиот татко, што преку ДНК, што преку воспитување преминала на него.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ако е веќе така, тогаш нека се вика како и неговиот татко.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Армен имаше големо разбирање за потрагите на Климент Камилски и Татко, па и тој, како некогаш неговиот татко Хрант Самуелиан, беше во тек со предрасудите кои циркулираа на Запад за Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Армен и неговиот татко Хрант Самуелиан беа и познати ориенталисти, познавачи на неколку источни и западни јазици, но беа и длабоко вникнати во ерменските јазични студии и одбраната на ерменскиот идентитет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во срдечниот разговор, во кој ја изразив почитта кон неговиот татко, беше неизбежно да го запрашам за сукцесијата на највисоката власт, за иднината на земјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неговиот татко, Тајко стариот, навистина беше со овците во влашкиот катун на Горна Белица, а тоа што син му рибареше наместо да биде сточар, не мораше да значи некоја голема загатка за странецов.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој е среќен што не разбира ништо од она што се случува со неговата мајка и неговиот татко.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ладна рака во нејзината рака. Од неговата мајка. Потоа ... од неговиот татко.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Со своето дете, без неговиот татко...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кон самиот себеси, како негов татко.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Китан изгради куќа под каменоломот, на местото што му припадна од неговиот татко, при делбата со татко му од Танаил.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Беше тоа гласот на неговиот татко.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, на дулбијата тогаш најмногу се радуваше неговиот татко.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И неговиот татко имаше своја библиотека.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Колата на Дејв, Таурус караван, беше досадна и глупа - за Ренди таа претставуваше симбол на сѐ што беше неподносливо и простачко кај неговиот татко.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Роден е во семејство на ирски католици во Масачусетс, а неговиот татко бил офицер. 112 okno.mk Лири завршил факултет, кратко време бил во војска и започнал академска кариера.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И слушам: - Господин министере Рендис, вчера во мојот штаб дојде еден војник и ми се пожали дека неговиот татко е интерниран затоа што си го зборувал својот словенски јазик.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мора да се работеше нешто за дедо ми, неговиот татко.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Трансакцијата беше несвесна и тој вид проекција на неговиот татко на мене (еден добар, како и еден лош татко) се вовлече во мене одекнувајќи, со многу разновидни ефекти, со години, сè досега.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Еден од пациентите во одделението беше слабичок средовечен маж, со жена и семејство, кој беше, мислам, службеник.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но неговата проекција, неговиот татковски трансфер на мене, помина незабележан од обајцата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Од неговото детство постои една анегдота, кога имал 4-5 години, и кога неговиот татко го пратил во полицијата со некакво писмо.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Нешто го изненадило таткото на татко ми кога тој имал педесетина години а татко ми бил млад.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Моето прво соочување со вистински психијатриски пациенти беше во одделението на психијатриската единица во болницата на Дјук Стрит во Глазгов, каде што ги посетував моите први клинички часови по психијатрија под водство на д-р Склар, чиј син тргна по стапките на неговиот татко и стана исклучителен психијатар.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во некоја рака јас станав негов татко.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Инглис не беше дедо ми.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Половина век Амди Сербез го почитуваше усниот договор помеѓу неговиот татко и таткото на дедо ти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Со професорот Осман Окијар, кој беше и голем познавач на Ататурковото време и времето на неговиот татко Фетхи Окијар, на нивната заедничка мисија во создавањето на нова Турција, и кој објави неколку драгоцени книги за тоа време, имавме неколку средби во Анкара, во Тунис и во Париз.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Татко ми во младоста ќе се најде во Цариград, на Босфор, крај морето меѓу азискиот и европскиот континент, за конечно да се врати во почетокот на 20-tите години крај Езерото, од кое никогаш и по никаква цена не можеше да се раздели неговиот татко.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Меѓутоа, контекстот во кој го открив делото на Луан Старова беше посебен и јас ја чувствував потребата да им оддадам почит на овие исклучителни суштества какви што биле неговиот татко и неговата мајка.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Дали е можно да се биде поцивилизиран отколку што е неговиот татко, јас не верувам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Откривајќи го делото на Едгар Морен, преку неговата книга Видал и своите, сага за балканскиот и европскиот егзил на неговото семејство, чија централна личност е неговиот татко Видал Наум, јас воедно го проширував хоризонтот на мојата потрага по татковиот балкански егзил.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Независно од другите пријателски врски кои ги имате со него, помислив еден ден дека реката Вардар ја поврзува вашата нова татковина со неговата загубена татковина, зашто, колку што знам неговиот татко е роден во Солун.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се чини, дека во меѓувреме Луан Старова се вратил во Скопје.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тоа кај него бездруго беше наследениот немир на неговиот татко пред границата, а кај мене сигурно наследениот немир од моето мачно минување на границата во 1979 година, на вратата на балканскиот пекол!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Еве, еден друг исклучителен човек!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Уште едно минување на границата, без старите сеништа околу неа!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Оваа книга, како што сведочи самиот Едгар Морен, не беше само книга за неговиот татко, туку и книга потрага по вистината на еден живот, книга вистина, на која може да се надоврзе сорствената филозофија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Со Осман Окијар, кој во детството учел во славното париско училиште Жансон Де Саји, додека овде неговиот татко беше амбасадор на Турција и потоа студирал и докторирал на Кембриџ од областа на економските науки, на тема за реформите на Танзиматот, ме поврза големо, нераскинливо пријателство кое траеше се до последните денови од неговиот живот, минати кај сестра си, на азискиот брег на Истанбул, во Искидар.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сега можеме да видиме дека овие три епиграфи - во самата средина на првиот дел на “Фармацијата” - заземаат прикладно важно место.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пишувањето е можно во тоа надоместување на таткото со привид на присуство.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тот е, значи, татковото друго, а едновремено и субверзивен момент на неговото надоместување: „Богот на пишувањето е значи едновремено негов татко, негов син, и тој самиот“. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 15
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ајде да ги вратиме наводите во нивниот “изворен” контекст и да видиме дали таквата критичка вежба ни помага да почнеме да одговараме на некои од поставените прашања. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 16 “Богот на пишувањето е значи едновремено негов татко, негов син, и тој самиот”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сето тоа е дел од светот на неговиот татко, свет што го поднесувал во училиштето, во црква, на универзитетот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Друг пат тој го зазема местото на првиот Борхес, но и го надминува: “Богот на пишувањето е значи едновремено неговиот татко, неговиот син, и тој самиот”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пишувањето е можно во тоа надоместување на таткото со привид на присуство.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Уште поприкладно е што неговото размислување се врти околу неговото име.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Доживеа радост оти Господ ги благослови со ќерка што ја крстија Зоја, ама следните години беа само црна кр во неговото срце: Павлина закандиса туберкулоза и сега деновите ги минува во санаториум, а Зоја е оставена во рацете на дебелата Божана, втората жена на Бориса, неговиот татко.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Што му одговара неговиот татко на ваквите прашања, тој кој умее да чита од ѕвездите и да ги советува луѓето, откривајќи им чудни и чудесни тајни што малкумина ги знаат?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Господи, крај немаше на сите овие прашања.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)