Целото негово суштество го слушна тој судбински знак и се растрепери како и рацете.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Неговото настроение, секој атом од неговото суштество - сè во него ѝ говори: Не салата, мила, не луѓето, не блесокот на кандилабрите, не музиката, не виното, не, - сето тоа не, - туку ние, ти и јас овде заедно, нашата желба да се повеселиме...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Иако не знаев што работи, јас знаев дека работи нешто радосно, целото негово суштество беше исполнето со таа блага светлост, се колнам, тој тогаш беше во некој друг свет, незамислив, далеку од домот, далеку од сите тие сплетки и грдости.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Така стутулен, со здебелен нос и сцрвенети очи, тој изгледаше поинаку: сето негово суштество, пресвиткано и солзливо, молеше понизно за помош, сеедно што неговите зборови се трудеа да му го задржат поранешниот углед.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Смислата на зборовите не проникнува во неговата свест, тој се вовлекува и се опива само од звучниот хаос на римите што го возбудуваат и го обземаат целото негово суштество и, заборавен, восхитен, растопен во еден необичен свет на чувства, разбранувани во неговата душа, тој го слуша сопствениот глас како трепери, се подигнува и звучно се разлева.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сето негово суштество протестираше против кражбите, но тој не можеше да не краде.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Проклет да бидам, целото негово суштество се изменуваше, од него тогаш како да зрачеше некоја таинствена, непозната, незабележна светлост.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Петров Извадок од романот “Дванаесет столици” Економот на Старечкиот дом бр. 2 беше срамежлив крадец.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)