негов (прид.) - стол (имн.)

Сврделот имаше уште година или две до пензија кога го сменија, отворено го потурнаа за да го донесат на неговиот стол тој еден Јован Граматниковски кој, кутриот, ни самиот не очекувал од службеник да стане големец во градов.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сега тој ја оставил Библијата на неговиот стол и го пречекува со сурови зборови: - Евангелието треба да го читаш ти, евангелието!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А кога втаса помеѓу нас, седна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Оној којшто еднаш ќе ги раздува сите тие моќници со кои сталежот мавта како врачевите со своите фетиши - неговите големи писатели, неговата Џоконда, неговите столови Луј XV, неговата убава граматика, неговиот изумрен стерилен јазик, целото негово купиште конзервирани мртовечки коски коишто ги потстава како уметност и култура - оној кому што ќе му успее да му дојде од газот до главата дека вистинската жива уметност, единствена, и вистинското инвентивно творештво се на негова страна, а не маскарадите под покровителство на министерствата, тој ќе го потисне алчниот сталеж.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но, можете да сметате на тоа дека алчниот сталеж ќе се брани.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
— „Јас излегу да го бркам Арслан беј, а Бино, кој ме кандисуаше да му се предада, седна на неговиот стол!“ — си велеше сам за себе и не можеше да се помири со тоа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јана наеднаш се појави зад неговиот стол.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)