негов (прид.) - стил (имн.)

Како последица на тоа битно е променет неговиот стил.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сум пиел само Цедевита - у негов стил возврати Метакот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Одеднаш ми пишува, во негов стил: - Имам голи слики од тебе, сега ги добив, убаво ќе личиш кога ќе ги пуштам на интернет.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сѐ зависи од содржината на неговата форма, од значењето на неговиот стил.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Филмот е бележит и поради улогата на Батерфлај Мекквин, која не е именувана во екипата, а која ја игра црната прислужничка на Милдред, Лоти, на некој начин најдивниот лик во целиот филм, но исто така и средство за упорно, жестоко расно стереотипизирање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Накратко, класната, расната, етничката, сексуалната и родовата политика на филмот е прилично ужасна. ‌Тие политички петна, меѓутоа, не го смалуваат естетскиот успех на филмот, особено кога се гледа со правилна дистанција и иронија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Барем за машката култура, вистинската политика на филмот лежи во неговата естетика: неговиот стил го надминува она што го пренесува неговата видлива порака.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Авторовата нарација е огнена, неговиот стил запалив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дури и да се обидев да му се спротивставам, тој не ќе попуштеше, туку ќе почнеше да ми објаснува за некои опасни заразни болести што се добиваат од нечистотија, мајка ми ќе продолжеше во негов стил, а мене таквите нешта ми се страшно здодевни, зашто ги знам веќе напамет.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога сте во интеракција со овој интерфејс, немате ниту критичен ниту некритичен став кон неговиот стил.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)