Но, во пракса, притисоците одеа дотаму што секој од вработените, кој ќе беше виден макар и како си муабети со Авдиќ – ризикуваше да го изгуби своето работно место, како „нелојален“ кон новоустоличеното раководство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, од друга страна, во 2005 беа вове- дени и две подобрувања: • прво, заштитата од отказ за синдикалниот претставник, која порано траеше само во текот на неговиот мандат, сега се пролонгира уште на најмалку две години по престанување на неговиот мандат (чл. 200, ЗРО/05); и, • второ, на работник кој е избран или именуван на синдикална функција утврдена со статут, а чие вршење бара привремено да престане да работи кај работодавачот, му мирува работниот однос и има право, во рок од пет дена по престанувањето на функцијата што ја вршел, да се врати на работа за вршење на работи кои одговараат на неговиот степен на стручна подготовка (чл. 200, ЗРО/05); 49 ѓ) воведени беа и три дополнителни превентивни одредби во оваа област: • прво, работодавачот, директорот или некој друг орган и застапникот на работодавачот не смеат да користат присила против кој било синдикат (чл. 198, ЗРО/05); • второ, се воведоа изречни одредби за судска заштита на правото на здружување и на членските права (чл. 196-197, ЗРО/05); и • трето, се воведе изречна забрана за контрола од другата, помоќна, страна – односно „работодавачите и нивните здруженија не смеат да имаат надзор над основањето и дејствувањето на синдикатите т.е. нивните сојузи на повисоко ниво, ниту со цел на таков надзор смеат да ги финансираат или на друг начин потпомагаат синдикатите, односно нивните сојузи“ (чл. 195, ЗРО/05). 6.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Велешкиот суд (преку сега пензионираниот судија Н. Ивчев), по одржани 12 рочишта на кои беа изведени писмените докази 103 и сослушани тројца сведоци – но, по поминати недозволиви рекордни четири и пол години траење на спорот, дури во декември 2003 ја донесе и објави Пресудата во полза на Авдиќ – со која беше поништена Одлуката за отказ бр. 04-824 (донесена од генералниот директор) и Одлуката У.бр.02-977 (донесена од УО) со која е потврдена првичното отказно решение и тужениот работодавач „Киро Ќучук“ беше задолжен, во рок од 15 дена по приемот на писмено изготвената пресуда, да го врати Авдиќ на „работно место кое одговара на неговите работни способности и на неговиот степен на стручна подготовка“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)