Неговите подвизи остануваа сегде зад него, зад секоја негова стапка, трага на див вепар, а тој не им го знаеше името.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Снегот сега тонеше под неговите стапки со она најлошото тонење, што воопшто може да се замисли.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Негова желба беше и Виктор да тргне по неговите стапки, но немаше и ништо против она што го избра Виктор.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ги слушаа неговите стапки. Оној сврте неколку пати околу бараката, на неколку места постоја, постоја, а после влезе во вратата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Талка низ камењарот, бара нешто низ маховината, низ јагликите, во трагите од дивечот, влегува во пештерите, ги ослушкува знаците по ѕидиштата, го одгатнува стенкањето на коските в земи, и дури татне луњата пали огнови, запишува нешто по ридовите, зашто секоја негова стапка е некоја тајна и некој збор.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Не стигна ниту до крај да се израдува на снегот на тротоарот што се топеше под врелината на неговите стапки, кога почувствува дека нешто го ѕвекна по главата. Изгуби свест.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)