негов (прид.) - среќа (имн.)

За тоа време првиот дојде на три четири чекори до стената и за негова среќа се заврте да ги повика другарите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За неговата среќа никој не идеше тие дни во планината, бидејќи сите беа зафатени со полски работи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Охохо!“ — се издиши длабоко Сиве и почна да си крои планови што ќе прави со толку пари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама в затвор беше за негова среќа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За негова среќа, еве ти еден негов соселанец се враќа в село.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За негова среќа, тој не поминал во тоа време и полицијата забележала како човекот сомничаво се вртка и го опколиле.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа траеше сѐ дури мечката не се доближи до неговото јарче, онаква распафтана и несмасна, а после и сѐ додека не зеде, пред негови очи, да го расчеречува со своите несмасни шепи неговиот лов и неговата среќа, тука, веднаш пред него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со тие исчекувања во себе, што ја зајазлија, сета негова среќа со убавиот ден и со високото небо, тој веќе не можеше да остане на прозорецот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најпосле, кога застана на сртчето од другата страна, знаеше дека само среќата, неговата среќа, или среќата на оној негов громаден нерез, не сакала да биде онака, како што сакаше тој.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Притоа ја повтори и веќе изречената мисла, дека многу ќе се радува во колку ќе се покаже дека греши, но за негова среќа барем досега тоа ретко се случувало!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И наеднаш, иако не можев да го видам, го слушнав неговиот глас: - Понекогаш потрагата по она што нам ни се причинува вистина, фрла грда сенка и врз најдобрите намери - слушнав како му реплицира на иследникот човекот затскриен зад светлината што беше вперена во моите очи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Но и покрај грешно избраниот пат и произволно донесените заклучоци, потрагата на младиот човек по вистината треба да се сфати како разбирлив чин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ова го зборуваше со некој друг тон, можеби укажувачки или изнасилено доверлив; згора на тоа не беше свртен кон мене туку кон изворот на светлината што беше вперена во моите очи, и дури тогаш сфатив дека иследникот и јас не бевме сами во просторијата на катот; дека тој не спори со некои од моите изјави туку се обидува мојот случај да му го образложи на непознатиот гостин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но неговата среќа бргу згасна.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Напротив, сега ќе може да им се противстави на сите непријатели на неговата среќа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Негова среќа е Младичот што не гледа во него, туку во белината што почнува да се јавува врз стаклото на прозорецот.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Покрај тоа, еден многу краток тестамент со кој јас бев определен за наследник.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Го прегази камион со три приколки сред градскиот метеж и за негова среќа го кренал некој чесен човек, го предал в полиција и ѝ јавил на фамилијата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)