И, ако се толкува сонот како потиснување на можното во потсвеста, како негова спротивност, да речеме дека Мирон Донски решил да го оддалечи Татко од сиџилите...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Накусо, скоро секое согледување - или неговата спротивност - може да се земе како суштинско опфаќање на секојдневниот, шаренолик, здрав разум.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
„Со оглед на тоа што секој поим е е двојник на својата спротивност, како што би можело да се помисли, како тој би можел да им биде соопштен на другите кои се обидуваат да го мислат, ако не мерејќи го со неговата спротивност?...“
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Оние кои умееле да прават стакло и со машини да подигнуваат и придвижуваат огромни камени блокови мора, во најмала рака, да 54 имале доволно памет за некое нешто да не го сметаат истовремено за него самото и за неговата спротивност.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сонот си дозволува слобода било кој елемент да го прикажува преку неговата спротивност во полето на желбата (Wunschgegensatz), така што, на прв поглед не се знае дали некој елемент е спротивнотворен, позитивно или негативно содржан во мислите на сонот.“
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Како негова спротивност, раководителот на градбата беше небаре излезен од гардероба: со качкет од јагнешка кожа, со јакна од телешка кожа и четири џеба, со фицерски брич - панталони вовлечени во теренски чизми од свинска кожа - тој ќе се исправеше на единствената скала од штабната барака, на дискретна височинка од долен ракурс, во поза на командант што ја прима смотрата на построените бригади, но поглед вперен над нивните глави, во визијата на езерото или барем на асфалтираниот пат што ќе поминува по грбникот на браната и ќе го опашува езерото, по чии брегови место потопени села ќе се редат современите летувалишта на работниот народ, а првенствено на неговите претставници.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)