59. Овде Мисирков веројатно го има предвид пишувањето на Д.Вергун во неговото списание „Славјански вјак” [II, 62, Виена, 15 (28). II 1903.432], кој во веста за основањето на МНЛД, откако овој акт го поврзува директно со Македонскиот клуб во Белград и неговиот орган „Балкански гласник” (1902), заклучува: „Програмата на овие поборници за етнографска, а не географска Македонија, страда само од тоа што се јавува со огромно задоцнување од најмалку 30 години”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Му се заблагодарив за малкуте песни кои ми ги објави во збирката Песни од Картагина (пишувани како еден вид дипломатски анти-телеграми во времето кога бев амбасадор во Палестина, во државата која беше прогласена, според неговата напишана декларација), кои беа печатени на арапски јазик во неговото списание Ал Кармел.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Најдовме слободни мигови на височинката на Свети Наум, на подводната гранична линија, која ги делеше моите две земји, Македонија и Албанија, да разговараме за минатото.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Камилски како ревносен читател на делата на Сартр и на неговото списание Модерни времиња, имаше со што да го изненади славниот француски пријател.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)