Сега, како да се најде повторно во истиот транс од младоста, кога беше во разбранетиот Цариград, обземен од големата мисла дали, по завршувањето на отоманското право, да остане на Исток, да го земе семејството, па да се слее во новите млади Ататуркови ешалони, како и бројни негови сонародници и блиски, или да се врати на Балканот, да остане со своите, да ја продолжи татковата меланхолија, со надежите дека ќе замине, но верен на инстинктот на останувањето.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Никој друг од балканските народи немаше така спокојно да гледа на запустувањето на еден крај, каде што има негови сонародници.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Додека зборуваше Татко, нему му проработуваа асоцијациите за неговиот сонародник Григор Приличев, чиј трагач бил по тајните на неговиот живот и дело, тој реши да му зборува на Татко, за неговата судбина, кој во потрагата по својот мајчин македонски јазик, постигна совршенство пишувајќи ги на грчки јазик своите култни дела, епосот Сердарот и Скендербеј.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Меморандумите (I-II) ќе го покажат генијот на Кочи-беј кога Империјата ќе ја води неговиот сонародник садразмот Мехмет-паша Ќуприли во 1565 година.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Неговите сонародници – победници, поголеми сталинисти и од самиот Сталин, подоцна поголеми маоисти и од самиот Мао, цената на сите изневерени илузии ги принудија невините да ја плаќаат.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
За него и за илјадници негови сонародници Америка претставувала една легендарна, ветена земја (електрика, лифтови, небодери) и еден идеалистички сон (слобода, достоинство, можности за работа).
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Слично размислува и неговиот сонародник Хундертвасер кога вели: „Ние сме гости на природата.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Во времето кога неговите сонародници и современици изворот на лудилото го толкуваат со влијанието на божицата Хера или пак со богот на војната Арес, еден од учениците на Хипократ запишува дека ни светли ниту пак темни сили го предизвикуваат лудилото, туку само нашиот мозок е она што нѐ прави “луди или делирични, ни внесува ужас и страв”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Неколку века подоцна, Аретаеус од Кападокија, во делото „За причините и знаците на болестите“ вели: „Пациентот може да замислува дека има земено друга форма од својата, некој верува дека е врапче, петел, или земјена ваза; друг дека е Бог, оратор или актер кој го држи жезлото на светот; некои плачат како новороденчиња и бараат да бидат држени в раце, или веруваат дека се зрно синап и постојано треперат од страв дека ќе бидат изедени од кокошка.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)