негов (прид.) - согледба (имн.)

Нивната дијалектичка интеракција кулминира со низа размени и со делумно поматување на идентитетите, со што се покажува дека естетиката и политиката, фантазијата и цврстината, пешованството и мачоизмот, машката геј-култура и машката стрејт-култура, всушност, можат многу да си понудат една на друга – барем во замислата на Пуиг.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но на што се сведува неговата согледба?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Она што го прави Пуига интересен за нас е неговата согледба дека деловите од главнотековната култура што ги избира машката геј-култура за свои настрани цели честопати не се од оние политички најнапредните, најексперименталните и најавангардните, туку – на изненадување на оние што се надвор од таа култура, кои некако очекуваат дека геј-мажите ќе претпочитаат уметнички дела што или промовираат напредни општествени промени или остваруваат расколни, субверзивни програми со формална естетска иновативност – туку, излегува, оние најстаринските, најстаромодните, реакционерни артефакти, вклучително и некои што се најупадливо сексистички, расистички, сталежистички и хомофобични.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сега можеме да одбележиме дека тој можеби има право во поглед на постоењето на таква „лабавост” и покрај фактот дека за една таква одбрана не е потребно повикување на фактите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)