Ниту неговите соборци, ниту неговите потомци, не можеа да ја продолжат големата борба.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ататурк го именува Али Фети во октомври 1921 година за министер за внатрешни работи на новата турска влада, но тој ќе се најде и во пресудните преговори со Франција и Англија, кои дотогаш ја чинеа најжестоката алијанса против Мустафа Кемал и неговите соборци.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тоа негово страдање, неговите соборци сакаа да го толкуваат како страдање заради загубените идеали.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Погледна повторно кон местото каде што неговиот соборец нагази на мина – чадот се слегна и сега можеше да го види купот од човечко тело, сосема неподвижен.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Лелекањето запре.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Онаму каде што пред само една секунда стоеше неговиот соборец сега имаше само клопче чад, а некаде скриено зад тој чад што се појави одеднаш се слушна речиси нечовечко лелекање.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Кучињата во селото побеснеа од лаење и завивање.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Но тој, пишува неговиот соборец П.Шатев, “уште од својата рана возраст беше нервен и неспокоен.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И така, првата директна претстава за него ми ја откри неговиот соборец, повеќе со перо, отколку со меч, големиот палестински поет Махмуд Дарвиш, но не во Картагина туку во Струга, во Македонија, на бреговите на Охридското Езеро.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Арафат и Палестина, како и Тунис и арапските и неврзаните земји, кои продолжија да живеат во мене низ неколку незаборавни пријателства, на кои времето не им може ништо, беа дел на едно минато чии вредности не можеа да влезат во никакви дипломатски вредности, адути, во прилог кон другите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)