Мислам дека по овие негови објаснувања си ги запишав во сеќавањето зборовите корнењето нокти, потоа и молчењето како избор затоа без да го коментирам она што го рекол, во еден момент во изминатите денови бев забележал: Корнењето нокти веројатно е многу болно.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Всушност можеби само за да ме збуни а можеби и да ме исплаши повеќе пати ми имаше спомнато дека во текот на последната војна, службите на окупаторот, слични на неговата служба, ја практикувале специјалноста да им ги корнат ноктите на затворениците кои ќе се определиле за молчењето како начин на однесување при испитувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)