Ѝ реков дека џезот веќе е сосема испразнет од фолк-содржините на црната раса, од неговата изворна фолклорна содржина, дека е останата само неговата рамка, неговата универзална музичка форма, која сега треба да се полни со нашиот фолклор; и не само со нашиот, туку и со секој фолклор во светот, оти не е само нашиот фолклор богат, туку има такви уште неброени и незнајни богатства на планетава.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Со тоа, ерменскиот систем на писмо значително се разликува и од коптското, и од готското писмо од гледна точка на нивната паралела со појдовниот грчки прототип.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Треба, исто така, да се рече дека дополнителните графеми во ерменскиот систем на писмо не се сместени веднаш по грчкиот основен дел, туку се расфрлани во неговите рамки по некој редослед, кој е одбран од страна на создавачот Месроп Маштоц.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)