Долгиот реши. Го натера Глигора да застане под самата дупка, се искачи на неговите рамења, се фати за горните рабови од карпата и, виткајќи го змиулесто тенкото тело, се извлечка надвор.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Продолжуваше само да гледа во густите роеви снежинки, во чие што виорење не постоеше никаква разлика од вчера, завчера, чиниш денеска воопшто не беше некој друг ден, погледот пак му заскитуваше во таа маглива, бела шума од снег, еден болен човек со она чувство за умирањето во своите мускули, нараснато во него повисоко од неговите рамена.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Пискулиев зачекори посигурно, подисправено, како да беше фрлил дел од некаква тежина што лежеше на неговите рамена.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)