Во филмовите на Гринавеј се појавуваат сите “репродуктивни” медији, почнувајќи од оние најексклузивните, прикажани во самиот чин на создавањето, како што е цртањето во УГОВОРОТ НА ЦРТАЧОТ и внимателната калиграфија во СТОМАКОТ..., во најдословната смисла на авторовиот “потпис” бидејќи станува збор за неговите цртежи и неговиот ракопис, до репродуцирањата по пат на видео- и филмски камери, грамофони (ЗОО), фотоапарати (СТОМАКОТ НА ЕДЕН АРХИТЕКТ, ДАВЕЊЕ ПО БРОЕВИ) и, како што вели Гринавеј, “најбаналните слики” добиени со фотокопир (СТОМАКОТ...).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Навечер, додека тој го јадеше својот стек, седев на масата со него и го разгледував неговиот ракопис, просејувајќи по нешто од тоа купиште на сентименталности. Беше ужасно.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Грот: Што мислеше и чувствуваше во овој период додека ги работеше сите тие бедни работи?
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Според разговорите што ги водев подоцна со старите жители на селото, во Маказар немало семејство Боте, та заклучив, што набрзо од хартиите и ми се потврди, дека учителот веројатно бил од друго место, донесен можеби специјално од Никола Поцо за да држи училиште на народен јазик и, во тој случај, можеби и живеел во еден дел од куќата на трговецот, та тука останал и неговиот ракопис, спастрен подоцна од семејството Поцо во лимената кутија која, очигледно заборавена, стоела во дупката на ѕидот од потонот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Нервозен и сневеселен стана, го фрли добиениот ракопис на работната маса каде што лежеше неговиот ракопис, но без да види каде точно на масата падна фрлениот ракопис така што никогаш повеќе не успеа да открие кој беше неговиот а кој е добиениот ракопис.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Бидејќи бројката седум за него има некое необјасниво мистично значење, тој би сакал обемот на овој негов ракопис да изнесува седум авторски табаци. Барем не помалку.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Шатев, било извршено споредување на негови ученички писмени задачи со неговиот ракопис.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Не знам како да почнам. Овде е генијално.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Се стрчав радосна. На мојата работна маса стоеше разгледницата со многу убава фотографија од Лондон и со ваков текст, што го нашкрабал брат ми набрзина, со оној негов ракопис кој одвај го разбирам: Од вашиот син и брат Ведан Здраво мајче, здраво татичко, здраво Гонцо!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Еве ја. Гледате, здиплена е и одозгора е напишано со негов ракопис: „До господинот Ревшин, лично“.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
По разговорот за ова, за она, за лошите услови во кои живееме, за смртта на Лена, по распитот за нашите селани кои се тука, на крајот посегнува по куферчето и од него измолкнува дваесет и пет листа испишани со негов ракопис: за селото, за некои настани, за разни луѓе.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Откако ќе го примеше одредениот број нови болни и ќе ги одбиеше во амбулантата веќе примените, се затвораше во својот кабинет со што на вратата ќе ја обесеше таблата дека докторот е зафатен со научна работа; таблата испишана со негов ракопис, односно ногопис, а каква научна работа - тоа ни ректоратот не знаеше.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)