негов (прид.) - размисла (имн.)

Настојувам да ги приземјам неговите размисли.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Од друга страна, настојувањето на „Стремеж“, секој автор чија книга ја објавува да ја придружи со негова размисла за неговиот сопствен опит, може да претставува, исто така, едно своевидно проширување на теоретскиот дијапазон, што ќе го зголеми нашето книжевно искуство, што ќе формулира од денешен аспект некои пунктови на нашите естетски стојалишта, и, што е од особено значење, - ќе ги открие, невидливите јадра од кои зрачи посебноста на приодот кон поезијата на современиот македонски автор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Игор Лозински благо го погледна Татка, покажувајќи во изразот дека има разбирање во неговата размисла, макар што таа водеше кон друг тек, па продолжи погледнувајќи и кон својот соработник Цветан Горски: - Но, мене пријатели мои, друга мака ме мачи, кога се во прашање јагулите и нивниот пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)