Но исто така е значајно да се согледаат карактеристиките што Дерида ги споделува со Западните предмодернистички и модернистички оставнини.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Останати аспекти на Деридината антропоцентрична тенденција се неговиот интерес за епистемологијата попрво одошто за онтологијата, неговата преокупација со јазикот и текстот (коишто се човечки артефакти), а не со нешто што нив ги трансцендира, неговото отфрлање на секакви метанаративи, неговото неодобрување на фиксните процедури, и неговата разиграност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во нивните објаснувања на неговата теорија тие обично ги истакнуваат аспектите во кои тој се разликува од традиционалната философија, како што се неговото пркосење на идеалите на извесноста и интерсубјективноста; неговото откажување од метанаративите; неговиот стремеж да ги разложува дистинкциите; отфрлањето на фундационализмот (втемелителството); и неговата разиграност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
“Кога тие расправаат колку неговото дело е поврзано со претходните философи” тие главно ја истакнуваат неговата критика на Западната традиција.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сепак, тој е антропоцентричен кога прифаќа дека човечките суштества треба да бидат конечно мерило за вистината на уверувањето.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Со ова се надевам да претставам поизбалансирана слика на Деридината постмодернистичка мисла, и да покажам дека тој е многу потрадиционален, и позападен, отколку што за него обично се мисли.3 okno.mk | Margina #11-12 [1994] 69 2 Една од карактеристиките споделувани од страна на Дерида и постарите философии е интуитивното, иако понекогаш имплицитно, користење на категориите на појава (appearance) и реалност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)