Замислете си ја сега збунетоста на еден поединец кој сериозно смета дека никој не е повикан да суди и да пресудува за неговите радости како и за треперењата на неговата вознемиреност.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Едно чудно животно од непознат вид трчеше низ широките простори на неговата радост, но каде се беше упатило и со каква цел, немаше одговор.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
А некои по неговата радост заклучуваа дека работата со Комисијата е добра.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Правев сè што ќе ми речеше, огромни болки чувствував во главата, вртоглавица ме обземаше кога станував, но го правев тоа за да не му го расипам тоа негово соживување во тоа,таа негова радост што му ја гледав...“
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Ридиштата, толку мили и познати, сега му личеа на темни џинови, дојдени којзнае од каде, којзнае од какви темни и матни времиња, за да ја сомелат и уништат сета негова радост.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ревење ја заглушува неговата радост.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А кога му соопштија? Неговата радост немаше крај.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)