негов (прид.) - пријателство (имн.)

Маж ѝ, па и таа, го пленија монархот кој беше германски воспитаник.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Веднаш по враќањето на кралот од дестгодишниот егзил, Цви силно го поддржа и така ја обезбеди неговата милост, неговото внимание, неговото пријателство, конечно и неговото влијание во својата лична, а се рабира и во полза на нашата духовна заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Затоа го ценевме и го баравме неговото пријателство.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тие, да сакаа, можеа лесно, еднаш засекогаш, да расчистат со татко ми и неговото пријателство со Чанга, само врз основа на списокот од неговите книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Книгите му нудеа и безброј можности и патишта да се открие другиот, различниот, да се здобие неговата доверба, неговото пријателство.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко можеше да смета на неговото пријателство во критичните години на својот живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Неговите пријателства, неговите забави, неговото однесување со жена му и со децата, изразот на неговото лице кога е сам, зборовите што ги изговара в сон, дури и карактеристичните движења на телото, љубоморно се испитуваат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)