негов (прид.) - пристигне (имн.)

Но градот беше, пред неговото заминување, како и пред неговото пристигнување, ако не и како за време на неговото присуство, редок како и обично.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Да, Ана знае за неговото пристигнување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во однос на меѓусебните активности се истакнувало дека по неговото пристигнување британската воена мисија Брасеносе би можела да се ослободи "од одржувањето врски" и да им се дозволи целосно да се посветат на "планирањето подготовки и организацијата на одредени операции против железничките линии и други цели во МАКЕДОНИЈА".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Се планирало мајорот Скот Дикинсон да биде спуштен на територијата на Македонија околу 5 април 1944 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како стигнал Татко во Цариград, никој не дознал, ниту неговата мајка ниту било кој од неговото семејство, дури ни половина век по неговото пристигнување во Цариград.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)