негов (прид.) - признание (имн.)

Тој го признал делото, но Судот, бидејќи, како што истакнавме, планирал пресудата да ја изрече на јавен процес, не се задоволувал само со неговото признание туку сакал со факти и сведоци да констатира дека Шатев го уништил паробродот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На 1 мај бил фатен со пакет динамит некојси млад Бугарин, кој имал задача, “согласно неговото признание“, да го минира грчкиот конзулат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Молчев. Или бев збунет од неговото признание.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Меѓутоа, има вистина во неговото признание, кое може да се смета за една од важните причини што не се обидел да бега, а тоа е: “при постојните односи со лицата на Месниот комитет“, не можело ниту збор да станува да бара содејство и канал за бегство кон Бугарија177.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој пепел ќе биде неговото признание.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)