негов (прид.) - пресметка (имн.)

Или, математички да се изразам, моето постоење во неговите пресметки беше сведено на обична нула. Не постоев!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можев да поминам и низ неговата облека а тој да тврди дека ме нема забележано.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Започнав да пишувам затоа што верував во бесмртноста на татковата библиотека, во неговата пресметка со силните налети на балканската историја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тој беше полн со златни резерви, се колебаше дали да се ослободи од нив, продавајќи ги, а поради тоа што продажната цена на златото беше пониска од набавната, неговите пресметки покажуваа знаци на банкрот, па бидејќи долгот кон ортакот достигна висока сума, за Еразмо не остануваше речиси ништо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сталин сакаше, поврзувајќи го Белото море со Балтикот, со градење на канал во текот на десет години, да го стигне Запад кој според неговите пресметки бегаше за околу седумдесет години.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)