негов (прид.) - прекрсти (имн.)

Од прозорецот на својата канцеларија на првиот спрат на командата, Беренц неволно помисли дека на Медитеранот се лачат непотребно многу емоции, припишувајќи го тоа на жешката клима којашто ги создава зовриените средоземни темпераменти.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го следеше стапувањето на владиката на пристанишниот мол, неговото прекрстување што го направи штом стапна на копното, потем на срдечниот поздрав на градоначалникот со митрополитот, на бакнувањето на скутовите и раката на владиката од страна на свештениците, на камбаната од црквата на молот што оддекна со радосни биења што една по друга ги прифаќаа и останатите цркви на Закинтос во знак на поздрав кон штотуку пристигнатиот владика и на ведрото заминување на владиката и неговиот одбор за пречек под отворените чадори врз кои коечно почна да лее и одамна најавениот дожд.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)