негов (прид.) - предок (имн.)

Татко му беше ветил на Фетхи-беј Окијар, уште кога студирал во Цариград, дека еден ден ќе трага по неговите предци во Прилеп.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Низ нив беше можна успешната потрага не само по неговото време и по неговите предци туку и по времето на неговиот народ, на балканските народи, кои минаа пет векови под Отоманската Империја...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Претпоставуваше дека, во една од овие сто илјади запишани вистини во сиџилите, се крие и тајната на семејното стебло на неговите предци, по мајкина линија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој мора да биде отсечен од минатото, исто како што мора да биде отсечен и од странските земји, затоа што е неопходно да верува дека нему му е подобро отколку што им било на неговите предци и дека просекот на материјалните добра постојано расте.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Велиш: тие се копјенца забодени во црното тело на некој негов предок.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Колку е човекот условен од знаењата што ги има за историјата, колку традицијата, преданието, фактичката историја, се неопходни аспекти на личноста, може ли да се постигне индивидуација без присуство на таа компонента, се прашања кои Башевски ги разгледува поставувајќи паралели меѓу Симона и неговиот предок, како и меѓу „ликот“ на селото и она што е задржано во колективното паметење и, конечно, меѓу историчарот Владе и наводните документи за историјата на селото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Многупати повторуваше дека тоа добродетелство било безмалку во крвта на неговото семејство и, притоа, го споменуваше неговиот предок Никола Поцо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Столетието што го делеше од дедо му имењак, ја загуби својата перспектива и неговото сопствено време и неговото „јас“ се склопија со времето и своето „јас“ на неговиот предок, така тој сега стана опседнат од верувањето дека тој лично, а не прадедо му, го изградил мостот на Луда Река, и дека во потпорите на тој мост, што е прикажан во многу приказни, тој ја жртвувал својата невеста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дури и идентитетот на Рози беше соединет со невестата на неговиот предок, и тоа беше нејзиниот дух кој го заштитуваше од гневот на реката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Љупчо се фаќаше себе си како посакува никогаш да не тргнеше на факултет и да останеше да ја работи земјата како генерации негови предци пред него, како и неговите двајца браќа и едната сестра, кои останаа на татковата земја.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Александар заклучи дека мора да јаде за сите негови претци кои биле гладни и дека би било крајно непристојно да не се придржува кон овој своевиден култ на предците.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Дури и Светото Писмо вели дека постојат два типа луѓе: едниот е номад, а другиот – земјоделец; едниот сака да освојува нови и непознати светови, а другиот најубаво се чувствува кога ќе се сврзе за својата нива, ќе си квакне во своето народно духовно кеневче, па ќе расправа прикаски за големината на народниот дух и ќе си потпрднува од националниот грав, негово лично производство, најголемиот симбол на светиот дух на неговите предци.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И со слово мачно, со јазик одбран, со срам и пониженост му преподаде логотетот на Филозофот и слово за ќерката малоумна негова, за срамот негов, за гревот што не го сторил тој, ами некој негов предок, а тој го плаќа како долг туѓ од божјата книга на вересиите запишани.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, беше ли кај Борко тоа само одглас на менталитетот напластен и зацврснат низ искуството на генерации негови предци?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
За Леон Голдблум, наспроти неговите предци, религијата и религиозните ритуали немаа место во неговиот дом.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Потоа ќе се најде и во шпанската Малага, во земјата на неговите предци, некогаш прогонети од инквизицијата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Игор Лозински и неговите предци сигурно знаеле и за другите патишта, кои ниту во „татковите книги” не се опишу-ваат директно бидејќи сведочењето за тоа би го довело во прашање опстанокот на самата библиотека.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)