негов (прид.) - прегратка (имн.)

Но сепак слушај, да ти раскажувам уште... И раскажува Бошко долго, како било и што било, си ја откри пред мачорот радоста, раскажуваше раскажуваше, а мачорот затоплен во неговата прегратка предеше, предеше и така двајцата несетно заспаа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ноќта ја поминав во неговата соба, во неговата прегратка.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Неколку секунди Рада неочекувано се извлече од неговата прегратка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И таа секој ден сè повеќе го врзуваше кон себе, сè повеќе го засакуваше, свесна дека Богдан ги поседува сите мажествени својства и во неговите прегратки лудуваше од напливот на својата задоцнета и со години потискувана страст.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Бега од неговата прегратка, бега низ широките скалила и една чевличка ѝ паѓа од ногата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тогаш човекот полека се ослободи од неговата прегратка и тивко замина.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- Веќе е ноќ – ја нурнува главата во неговата прегратка - Невообичајно топла ноќ. Полна со ѕвезди. Како предзнак на нешто убаво...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
И раскажува Бошко долго, како било и што било, си ја откри пред мачорот радоста, раскажуваше раскажуваше, а мачорот затоплен во неговата прегратка предеше, предеше и така двајцата несетно заспаа.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Така и беше: дојде како никаде да не бил, како од никаде да доаѓа; така влезе кај мене дома, дури и без да чукне; го спушти куферот, ме прегрна и потем јас долго плачев во неговата прегратка, а тој ме тешеше и ми ги бришеше солзите; велеше: „Ништо, ништо не е тоа; само минале годините; ништо страшно не е тоа“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Дедо! - викна и потона во неговата прегратка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По тие неколку волшебни минути повторно седеа молкум, Томаица и понатаму беше во неговата прегратка.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Букетот веќе беше во нејзините раце. Тортата на маса. Таа во неговата прегратка.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Сеедно”, му одговара Нина и потонува во неговата прегратка и во вкусот на мајчина душица, од штотуку расцутената полска билка на љубовта.  Каде е татко ми?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не стигнав да одговорам, бидејќи одеднаш се најдов во неговата прегратка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
НЕДА: Не. Не. Не гледај ме. (Сета се впива во неговата прегратка.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
(Потонува во неговата прегратка, најпосле, по сето грчевито барање.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
НЕДА: (Го покрива лицето и ја забива својата глава во неговата прегратка.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
НЕДА: (Повторно ја бара неговата прегратка, но Иван ја отклонува.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)