Во судскиот процес пред Основниот суд – Скопје II, Љ. Н. беше застапуван од полномошник- адвокат3 (Д. Аргакиев), а пак за тужениот работодавач на подготвителното рочиште4 – кое, за среќа, беше и единствено, а се одржа во септември 2010 – се јави неговиот правник (Р. Николовска).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Директорот – откако дозна дека ќе биде тужен – го викна оштетениот работник, заедно со уште десетина други работници, и им одржа сочно заканувачко обраќање во кое им рече дека тие не се лојални на фабриката, но сепак, заради неговата „добродушност“, тој нема да ги избрка од работа, а нив ни случајно да не им текне преку извршител да ги бараат евентуално досудените пари што им ги должи претпријатието.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)