негов (прид.) - поука (имн.)

Кога потоа го испратија во Ерусалим кај Гамалиел, седнат крај неговите нозе, тој продолжи на истиот начин, упорно, вредно, дури и заслепено, да слуша, да чита и речиси фанатично да ги впива сите негови поуки.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И додека оној истиот Петар мислеше дека волјата на Учителот е сосема да се посветат на ширењето на Радосната Вест и да живеат од она што им го даваат следбениците нивни, тој секогаш на ум го имаше татка си и неговите поуки.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Без заштита од татко, вујко или кој и да е близок, тој сам, направо, уште во првите денови на својот гурбетчилак остро се судрил со животот и брзо ја сфатил неговата поука, дека во тие и такви времиња мајсторот мора да потуши секаков творечки копнеж на својата душа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)