Некои од буквите, намерно или не, небаре оживеани, излегуваа од редовите, сведочеа за некои значења од самата негова потсвест.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тој сакаше да го прегрне човечецот со долги и немирни прсти(овој пак се обидуваше да не дојде под обрачот на големите раце) и раскажуваше за природата и за гасениците најмногу за некој Чарли Краков, или за призрак на опачината на неговата потсвест, на нешто што е натсвест и живее вон од него, вон од неговата матна мисла, нешто на што зборовите и му го градат и му го одземаат обликот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Во татковата свест, додека слушаше, јагулата ја водеше неговата мисла, понираше во неговата потсвест со цел да ги помири противречностите што му се наложуваа помеѓу внатрешниот и надворешниот свет.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Повторно можеше да го одмине, предизвикан од нов круг мисли и сомневања кои не престануваа да се ослободуваат, дури и од неговата потсвест.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Имаше зимски ноќи кога се будеше со порцелан во коските, со студени ѕвончиња што му ѕунеа крај ушите, со ледени прободи во нервите како сива светлина од студени огномети што експлодираат, распрснувајќи се во вжарени снежинки над пустото тло, длабоко во неговата потсвест.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
А тоа постои и тогаш дејствува од неговата потсвест како танатичка содржина (трупот како Севишен).
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Во која мера тоа станало потсвесно присутно кај него, колку станало дел од неговата потсвест, тој самиот не знаеше.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Сепак во заднината на неговата мисла, во неговата потсвест, таа идеја се формираше.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)